Италијанската влада ќе ја откаже сезоната, ако не се постигне договор со фудбалската федерација

13

Италијанската влада ќе ја откаже фудбалската сезона, освен ако не се донесе прифатлива одлука со италијанската фудбалска федерација.

– Деновиве, владините службеници се состануваат да заседаваат за спортот и фудбалот. Доколку се договорат, тренинзите ќе бидат продолжени. Потоа, можна е обнова на првенствата. Во друг случај, владата ќе треба сама да одлучи, изјави министерот за спорт во Италија, Винченцо Спадафор.

Првенството во Италија беше стопирано во март заради пандемијата на коронавирус.

До крајот на сезоната во Серија А остануваат 12 кола. Тимовите ќе загубат повеќе од 700 милиони евра ако првенството не се доигра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.