Италијански агент го обвини Сер Алекс Фергусон за местење натпревари

Легендарниот фудбалски тренер Сер Алекс Фергусон е обвинет за местење на барем еден натпревар во текот на неговата кариера, пренесуваат медиумите на Островот.

Тој беше обвинет од италијански агент, 64-годишниот Џузепе „Пино“ Паљара, кој истакна дека поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед го сторил тоа заради „златен ролекс“ од 30.000 фунти.

Тој го обвини Фергусон за месетење на натпревар во Лигата на шампионите против Јувентус, а информацијата беше откриена на суд, каде Италијанецот е под обвинение за мито.

Исто така се тврди дека Паљара изјавил дека Фергусон честопати незаконски земал пари од трансфери на разни играчи.

Заедно со него се обвинети и поранешниот помошник тренер на Барнсли, Томи Рајт и фудбалскиот агент Декс Прајс, кои се изјаснија за невини по тврдењата.

Имињата на славни фудбалски фигури како Стив Мекларен, Хари Реднап и Нил Ворнок исто така беа споменати на судењето на Паљара.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.