Италијански астронаут учествуваше на конференцијата COP25 од ISS

Италијанскиот астронаут Лука Салво Пармитано, кој во моментов е дел од екипажот на орбиталната Меѓународна вселенска станица (ISS), преку видео врска зема учество во климатска конференција COP25 којашто се одржува во Мадрид.

Разговорот со астронутот го водеа генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и вршителот на должноста министер за наука на Шпанија, астронаутот Педро Дуке, која двапати престојуваше во Вселената.

Притоа Салво Пармитано рече декла еден од начините да се обединат луѓето е да го „најдат заедничкиот непријател“. „Непријателот број еден, кој го уништува нашиот свет каков што го познаваме, се климатските промени, зголемувањето на темпертурата. Тоа е заедничкиот непријател и ние мора да се обединиме“, рече астронаутот.

Лука Салвино, исто така, потсети на упсешната соработка на многу земји во Вселената, наведувајќи го како пример за „обединување на различните светови“.

„Само преку соаботка, преку претаспеделување на ресурсите, преку трансформација на ресурсите во ноите идеи, можно е да се направи нешто апсолутно ново, да се спроведе револуција во светот – во транспортот, енергетиката, производството на храна. Сево ова може да се измени со употреба на технологијата“, изјави Лука Салво.

Рече дека на ISS ги виделе ефектите од климатските промени, последиците од ураганот Доријан (кој беснееше во САД во септември), резултатите од поплавите и разорувањата од вукланските активности.

„Сложено е да се опише со зборови како се чувствувате кога ја гледате пламетата од Вселената. Нашата планета е прекресна. Оттука, мое да се видат многу детали кои не се видливи од некоја друга точка, но и нејзината кревкост е исто така видлива. Нашата планета е единствена. Немаме друга“, порача Салво.

Италијанскиот астронаут ги повика политичарите „да гледаат подалеку од денешниот и утрешниот ден“.

„Се чини дека гледаме само што се случува денеска или утре, но тоа е многу ограничено гледање, тоа нѐ става во кафез. Траба да размислуваме со перспектива од 10, 15, 20 години. Тоа е иднината на нашата деца, нашите внуци. Има многу повеќе од утрешните избори. Денес мора да се жртвува нешто за да победи утре. Почист транспорт, почиста енергија, почист воздух – сето тоа е достапно за нас благодарение на рехнологиите“, додаде Италијанецот.

Лука Салво Пармитано е италијански астронаут на Европската вселенска агенција (ESA). Првпат полетал во Вселената во 2015 година, станувајќи првиот Италијанец кој влегол во отворениот космос. Повторно замина на ISS во јули 2019 година.

Конференцијата на страните во Рамковната конвенција на ОН за климатските промени се оджува во Мадрид од 2-ри до 13-ти декември под претседателство на Чиле и на неа учестуваат претставници на речиси 200 земји,

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.