Италијански ENI преговара со „Газпром“ и австриски GCA за испораки на гас

Енергетската групација ENI преговара со руски „Газпром“ и австриската компанија „Gas Connect Austria“ (GCA) за истражување на можностите за деблокирање на рускиот гас кој во Италија пристигнува преку Австрија, соопштија од италијанската компанија.

„ENI има намера со австрискиот оператор и со Газпром да анализира некои опции за деблокирање на снабдувањето, но прерано е за поединости додека преговарачите не постигнат договор за вистинската изводливост (на тие опции)“, изјавил портпаролот на компанијата за Reuters.

ENI е најголемиот увозник на рускиот гас во Италија, а во саботата извести дека во текот на викендот преку Австрија и влезните точки на италијански Тарвисио нема да пристигнува рускиот гас.

Од „Газопром“ објавија дека нарушувањата во испораките се поради регулаторните промени во Австрија.

Во белешката објавена на платформата на операторот на италијанската берза за тргување со струга GME, од ENI соопштуваат дека се очекува ситуацијата ќе остане непроменета до 4-ти октомври.