Италијански суд го блокираше позајмувањето на „Витруевиот човек“ на Франција

40

Италијански суд во вторникот приврмено го блокираше договореното позајмување од најславниот цртеж на Леонардо да Винчи на Франција.

Судот на жалбата на италијанско-француски договор ги поднесе Италија Ностра, непрофитна организација за италијанското културно наследство, којашто тврди дека „Витруевиот човек“ е прекревок за патување.

Славниот цртеж на Леонардо да Винчи требаше да му биде позајмен на париски Лувр, за изложбата по повод 500-та годишнина од неговат смрт, која ќе се одбележи на 24-ти октомври. Имено, ренесансниот гениј починал во Франција во мај 1519 година.

Венетскиот регионален управен суд го суспендирал позајмувањето до конечната правосилна одлука којашто треба да биде изречена на 16-ти октомври, осум дена пре предвиденото отворање на изложбата во Париз.

Судот, чиешто седиште е во Венеција, отиде и чекор натаму и до тој датум ги суспендира сите делови од француско-италијанскиот договор потпишан пред три седмици, со кој уште шест дела на Да Винчи требаше да ѝ бидат позајмени на Франција. За возврат, Франција требаше на Италија да ѝ позајми пет дела на Рафаело.

Италијанскиот министерство за култура одлуката на судот ја оцени како „целосно несфатлива“ и изрази увереност дека судот на 16-ти октомви ќе го потврди договорот.

„Витрувиевиот човек“, фигура на маж во различни позиции во круг, е ремек-дело од епохата на ренесанстата. Се чува во венецискиот музеј „Gallerie dell’ Accademia“ и за јавноста се изложува многу ретко, бидејќи се чува во посебни микроклиматски услови и подалеку од природната светлина.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.