Италијанскиот премиер Конте на ЕУ ѝ ги повтори барањата за буџетот и мигрантите

Европската унија би требало на Италија да ѝ даде повеќе време за намалување на долгот и да го поддржи нејзиниот план за поттикнување на вложувањата, рече во средата старо-новиот италијански премиер Џузепе Конте по средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, а истовремено шефот на Европскиот оддел на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Поул Томсен, порача дека на земјата ѝ е неопходна консолидација и економски раст за да го намали долгот.

Во својата прва посета на Брисел откако сега ја води владата на порано антиестаблишмент и евроскептично Движење пет ѕвезди (М5Ѕ) и левичарската Демократска партија (PD), италијанскиот премиер Џузепе Конте побара поголема флексибилност на фискалните правила на ЕУ и промена на миграциските прописи. Всушност, станува збор за слично барање и на други поранешни влади, па и на претходната на Конте во која беше и десната партија Лига, што предизвика долготрајни спорови со ЕУ, главно поради буџетот, и негативна кампања против лидерот на десницата Матео Салвини.

„Нашата цел е да се намали долгот. Тоа сакаме да го сториме преку економскиот раст и вложувањета…. На Италија ѝ е потребни извесно време за постигнување на фискалните цели, вложувањата во зелената економија и фигитализација, како и за заживување на сиромашните региони на југот“, рече Конте за новинарите.

„Разговаравме за новата политичка ситуација во Италија, како и за миграциите и економијата. Немаше конкретни резултати“, рекол за AFP неименуван функционер на ЕУ по средбата меѓу Конте и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

Италијански, исто така, неименувани извори откриле за Reuters дека Италија за 2020 година цели на буџетски дефицит од 2,3 отсто од БДП-то, што е повеќе од целеното намалување на 2,1 отсто, а близу дефицитот од 2,4 отсто поради што ЕУ за малку ќе покренеш дисциплинска постпака за годинешниот буџет на Италија.

Конте, исто така, го повтори барањето за ревизија на прописите на ЕУ за барателите на азил, за да може некои илегални мигранти кои ќе дојдат до италијанскиот брег би можело да бидат преместени во други земји членки, со што би се намалил приитисокот на јужните држави кои повторно се погодени од голем прилив од мигранти.

Во интервјуто за агенцијата Reuters во контекстот на напорите на новата италијанска влада до 15-ти октомври задолжително да го подготви нацрт-проектот за буџетот во 2020 година за да може да го разгледаат Европската комисија и меѓународните кредитори, челникот на евопскиот оддел на ММФ, Поул Томсен, вели дека Италија може да го намали својот голем јавен долг само доколку комбинира разумна фискална консолидација со економски раст.

Европската комисија со големо внимание ги следи италијанските фискални планови: во мај прогознираше очекуван јавен долг поголем од 133 отсто од БДП-то за оваа година, наспроти 132,2 отсто од БДП во 2018 и уште поголем за следната 2020 година од 135 отсто од БДП-то, доколку не се променат политиките, со што Италија ги крши еврпските фискални прописи според кои долгот секоја година мора да паѓа.

„Италија има долг период на многу слаб раст, ниска продуктивност и тоа е најважното прашање кое стои пред неа: како да се поттикне продуктивноста. Покрај тоа, постои и фискалното прашање. Италија мора да спроведе фискална консолидација, но никако не тврдам дека може да го намали својот долг преку фискална консолидација – таа мора да расте“, истакнува Томсен во интервјуто дадено во вторникот.

За да го поттикне растот, новата италијанска владејачка коалиција планира да го зголеми номиналниот буџетски дефици на околу 2,3 отсто од БДП-то следната година од 2,4 оваа година, сметаат аналитичарите, што може да ја зголеми задолженоста и повторно да предизвика бес во Европската комисија. Италија во јули годинава ја избегна дисциплинската постапка на ЕУ поради растот на долгот, откако вети дека следните две години ќе го намали буџетскиот дефицит. Ѝ се закануваше можна казна од 0,5 отсто од БДП-то или 9 милијарди евра.

Томсен вели дека иако фискалните поттикнувања би можеле да бидат проблематични, имајќи ја предвид преголемата напрегнатост на италијанските јавни финансии, би можеле да успеат веродостојниот пакет од структурни реформи и постапна фискална консолидација.

„Помалку ме загрижува големината и тајмингот (на таквиот пакет), тука станува збор за изводлива фискална стратегија, стратегија која покажува политичка доследност на среден рок да се фати во костец и да се обиде постапно да го реши фискалниот проблем. Тоа ни е потребно за да се поткрепи довербата и да се обезбеди приносите да останат на разумно ниво на среден рок“, вели Томсен.

Приносите на референтните италијански десетгодишни обврзници паднаа од околу 3,5 отсто кон крајот на минатата 2018 година, кога Рим водеше битка со ЕУ поради плановите за јавната потрошувачка, на помалку од 1 отсто на почетокот од септември, но Томсон смета дека без среднорочен план за рашавање на своите проблеми, Италија нема многу слободен простор за задолжување.

„Според мене, прашањето дали имате фискален простор најмногу зависи од тоа дали имате веродостојна фискална програма на среден рок. Имате многи повеќе фискален простор доколку имате политика за решавње на структурниот проблем, вклучително и фискалниот структурен проблем на среден рок“, вели Томсен.