Италијанскиот Сенат ја забави кризата на владата и можноста од нови избори

33
ANSA/GIUSEPPE LAMI

Италијанскиот Сенат одлучи во вторникот да ја одложи расправата за актуелната криза на власта за следната седмица, со што се запрени обидите на вицепремиерот Матео Салвини, челникот на десничарската партија Лига, да поттикне одржување предвремени парламентарни избори.

Салвини минатата седмица истапи од владејачката коалиција со антиестаблишмент Двеижењето пет ѕвезди со цел да го искористи повеќемесечното растење на популарноста на неговата партија и да поттикне одржување предвремени парламентарни избори, по коишто би можел да стане премиер.

Меѓутоа, планот на Салвини не беше успешен, бидејќи Движењето пет ѕвезди и парламентарните партии од левиот центар чиј рејтин не се поправа настојуваат да најдат начини да го спречат распишувањето предвремени избори речиси четири години порано и да формираат алтернативно мнозинство. Партијата Лига поднесе барање за гласање доверба на владата, но Сенатот одби одржување секаква дебата на оваа тема оваа среда. Одлучи дека премиерот Џузепе Конте ќе му се обрати на горниот дом на италијанскиот парламент на 20-ти август.

„Има ли нешто поубаво, подеморкатско и подостоинствено од тоа да му се даде на народот можност да избира“, рече Салвини во Сенатот во говорот кој константно беше прекинува со извици и кометари од пратениците на другите партии.

Во неочекуваниот потег, Салвини рече дека го прифатил барањето на Движењето пет ѕведи веднаш да се одржи гласање за една од нивните главни политики: намалувањето на бројот на пратеници од 945 на 600, но само под услов ппотоа да се одржат национални избори. Подоцна за новинарите изјави дека изборите сѐ уште може да се одржат во октомври, независно дали парламентот ќе го прифати предлогот за реформата којашто ја предлага Движењето пет ѕвезди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.