Двете раскарани партии во италијанската десна коалиција повторно постигнаа согласност, објавија извори во понеделникот по минатонеделниот суди кој можеше да влијае врз формирањето на владата по изборната победа.
Меѓу партиите во понеделникот вечерта е постигната „максимална блискост и соработка“, соопштија двете партии по средбата во партиското седиште на крајно десната партија Браќа на Италија (FdI) на Џорџа Мелони, која е најсилната во десниот блок.
„Браќа на Италија и Напред Италија ќе се претстават обединети со другите сили во коалицијата на претстојните консултации со претседателот на Републиката, Серџо Матарела“, соопштија партиите.
Кавгата избувна откако протекоа фотографии од белешките на челникот на партијата Напред Италија, поранешниот премиер Силвио Берлускони, кој Џорџа Мелони ја опишал како „тврдоглава, арогантна и навредлива“.
Со рака напишаната белешка била фотографирана во четвртокот во Сенатот и ги наруши односите меѓу двете партии и десната Лига во периодот кога се обидуваат да ја формираат владата. Белешката на Берлускони била снимена во екот на тешките преговори за распределба на министерските места.
„Работиме заедно за на Италија да ѝ дадеме силна компактна влада со висок профил што е можно поскоро“, објави во понеделникот вечерта Берлускони на Instagram.
Додава и дека пратениците во текот на состанокот се согласиле околу своите приоритети за новата влада, со фокус на решавањето на сѐ поголемите трошоци за енергенсите.