Италијанските партии ја договорија програмата на новата влада

. ANSA/RICCARDO ANTIMIANI

Италијанското противсистемско Движење пет ѕвезди (М5Ѕ) и левичарската Демократска партија (PD) објавија во вторникот заедничка политичка програма за својата нова владејачка коалиција, а како приоритет се истакнува експанизонистичкиот буџет за 2020 година, што ќе биде предмет на многу дискусии во Рим и во Брисел.

Движењето пет ѕвезди, основано пред десет години како евроскептична и антиестаблишмент политичка групација и тоа во прв ред како опозијца на Демократската партија која се наоѓа во криза по серијата изборни порази кои доведоа до разидувања во нејзините редови, сега се реши да формира владејачка коалиција со левата партија, за да спречи одржување предвремени парламентарни избори на кои според сите анкети ќе победи крајната десна Лига, со која беше во коалиција до минатиот месец.

Приврзаниците на М5Ѕ и на PD гласаат преку интернет за тоа дали ќе ја поддржат новата коалиција, а резулатите се очекуваат во 18,30 часот по локално време. Медиумите во Италија напоменуваат дека исходот од гласањето сепак е неизвесен.

Кусо откако започна гласањето, двете партии објавија заедничка програма во 26 точки на која ќе се заснова работата на нивната влада. На самиот врв од програмата се истакнува ветувањето дека со новиот буџет за следната година ќе настојуваат да го поттикна економскиот раст, но и ветувањето дека нема да ги загрозуваат јавните финсии. Италија го има најголемиот јавен долг во ЕУ во однос на БДП-то, и програмата повикува на поголема флексибилност од страна на Брисел за да се надвладее „претераната ригидност“ на европските буџетски правила. Меѓутоа, ЕУ силно го притискаше Рим при носењето на буџетот за годинава кога Лига и Движењето истакнуваа слични приоритети.

Истакнувајќи ја „социјалната правда“, двете партии ветуваат, исто така, дека ќе боведа минимална плата, ќе го избегтна зголемувањето на ДДВ-то предвидено за јануари и ќе ја зголемата јавната потрошувачка за образованието, истражувањата и социјалната грижа.

Програмата повикува и на воведување оданочување на милтинационалните дигитални гиганти и воспоставување јавна банка која би го поттикнувача развојот на сиромашниот југ од земјата.

Двете партии, исто така, веруваат дека ќе ги реформираат законите за судирот на интереси, што поранешниот премиер Силвио Берлускони се обидуваше да го избегне штитејќи ги интересите на неговата медиумска групација „Mediaset“.

Во програмата е наведено и ветувањето дека ќе биде спроведена „ревизија“ на концесиите издадени за управување со автопатиштата.

Новата влада, откако PD престана да се противи, треба да ја води досегашниот премиер Џузепе Конте како непартиски кандидат повторно по предлог на M5S. Двете партии уште треба да го договорат и распределувањето на ресорите, кога конечно ќе биде формирана коалицијата.