Италија им изрече глоби на Рајанер и Визер за новите правила за рачен багаж

Италија им изрече парични казни на авиопревозниците Рајанер и Визер за нивните нови правила за рачен багаж.

Агенцијата за заштита на конкуренцијата во Италија (АГЦМ) соопшти дека таксите од пет до 25 евра, кои компаниите ги наплаќаат на патниците, за да земат поголеми куфери во авионот, претставуваат прекршување.

Рајанер е казнет со три милиони евра, Визер со милион евра.

– Рачниот багаж е суштински елемент од услугата воздушен транспорт и неговото пренесување треба да биде дозволено без наметнување на дополнителни трошоци, се наведува во одлуката АГЦМ.

Новите правила за рачен багаж беа воведени од двете големи буџетски компании во ноември.

Тие ја намалија големината на куферите, кои компанијата им дозволува на патниците да ги внесат во авионот.

Од  АГЦМ им забележаа на Рајанеар и Визер и за практиката таксите за поголемите куфери да не бидат вклучени во основната цена на билетот.

Според агенцијата, ова е во спротивност со правилата во Европската унија.