Италија ја блокирала изјавата на ЕУ за признавање на Гуаидо

Италија ја блокирала заедничката изјава на Европската унија за признавње на парламентарниот спикер Хуан Гуаидо за привремен претседател на Венецуела, изјавил дипломатски извор од Брисел во понеделникот за агенцијата РИА.

„Италија на неформалната средба на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ на 31-ви јануари и 1-ви февруари во Букурешт стави вето на изјавата во името на целата ЕУ, која требаше да ја соопшти шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и во која се зборуваше дека ЕУ ќе го признае Гуаидо, доколку не бидат организирани нови претседателски избори“, изјавил неименуваниот соговорник на агенцијата

Според дипломатот, потоа ЕУ и Ургувај го објавија одржувањето на првиот министерски состанок на меѓународната контактна група за Венецуеал. Таа, според најавата, ќе се одржи на 7-ми февруари во уругвајската престолнина Монтевидео. Шпанија, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија, Португалија и Австрија, побараа Мадуро да распише предвремени претседателски избори, заканувајќи се дека во спротивно ќе го признаат Гуаидо за венецуелски претседател. Земјите кои најавија учество во меѓународната контактна група се Франција, Германија, Италија, Шпанија, Португалија, Шведска, Холандија и Велика Британија во ЕУ и Еквадор, Костарија, Уругвај и Боливија во Латинска Америка.

Според голем број експерти, ситуацијата со изјавата за Венецуела претставува уште една потврда дека меѓу земјите членки на Европската унија нема единство по прашањата

Така, Пјер-Емануел Томан, челникот на центарот за геополитички истражувања Eurocontinent, истакнува дека земјите на ЕУ се стремат да најдат заеднички јазик со САД, за да покажат дека трансатлантското партнерство функционира, но вели и оти „зад тоа стои желбата да се затскрие постоењето на длабоките разлики во ЕУ по прашањато на надворешната политика, како и целосното изостанување на заедничката геополитичка визија за интересите на ЕУ“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.