Италија ќе ги затвори аеродромите за мигранти

138

Рим денес се закани дека ќе ги затвори аеродромите низ Италија поради извештаите дека германската покраина Баварија се подготвува за голема депортација на мигранти во таа земја.

Ако некој во Берлин или во Брисел планира да исфрли десетици имигранти од неовластени чартер летови, треба да знаат дека нема да има аеродром, бидејќи ќе ги затвориме како што они ги затворија пристаништа, изјави италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини.

Работниците на аеродромот во Минхен им рекле на новинарите на германската новинска агенција ДПА дека баварските власти се подготвуваат да ја направат првата голема депортација на мигранти во Италија во наредните денови. Депортираните мигранти претходно биле регистрирани во Италија пред нивното пристигнување во Германија.

Извори велат дека баварската полиција ќе ги следи мигрантите на чартер-летови до Италија, која е одговорна за нивните барања за азил врз основа на прописите од Даблин.

Министерството за внатрешни работи на Германија одби да ги потврди или негира овие информации.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.