Италија повтори дека ќе биде против обновувањето на ЕУ санкциите за Русија

Италија нема да го поддржи обновувањето на економските санкции на Европската унија против Русија, изјави во средата на деловна конференција во Москва италијанскиот вицепремиер Матео Салвини, кој истовремено е претседател на поголемиот коалициски партнер во владата десната партија Лига.

Салвини одби да каже дали се планира Рум да им се спротистави на своите партнери во Европската унија, и да вложи вето во претстојната расправа околу санкциите против Русија. Санкциите на ЕУ беа воведени следејќи ги САД од почетокот на кризата во Украина во 2014 година. ЕУ во меѓувремен неколкупати ги обновуваше санкции против Русија, иако неколку членки најавуваа противење, а последната рунда истекува во јануари. Москва на тоа одговори со забрана на увоз на прехранбени продукти од земјите членки на ЕУ.

„Доколку нѐ прашаат дали сакаме да ги потврдиме санкциите, ние ќе речеме не. Јасно е дека нема никаква смисла да се спроведуваат“, изјави Салвини во видеото од Москва пренесува преку Facebook live.

На прашањето дали Италија ќе вложи санкции на обновувањето на санкциите, Салвини рече дека „може да се одигра џокерот вето само еднаш“.

Италијанскиот вицепремиер истакна дека Италија војува со Брисел на други фронтови, вклучително и европскиот буџет и реформата поврзана со имиграциите, како и за италијанскиот буџет за 2019 година. „Доколку тоа го одбијат, не знам која карта ќе ја одиграм“, додаде Салвини.