Италија: Рекордно ниво на сиромаштија

Во текот на годината која што полека изминува повеќе од 13 отсто од семејствата во Италија живееле во релативна сиромаштија, што е рекорд откако во 1997 година почна да се води таква статистика, соопшти Министерството за труд.

Во извештајот се наведува дека 3,2 милиони семејства, односно 12,7 отсто живеат во релативна сиромаштија.

„Станува збор за најголемиот процент од 1997 година, кога е објавен првиот извештај од ваков вид“, се наведува во соопштението на тамошното Министерство.

Според методологијата која е применувана, семејствата живеат во релативна сиромаштија доколку годишно по член домаќинствата трошат помалку од 990,88 евра.

Покрај 12,7 отсто од семејствата, во релативна сиромаштија оваа година живеат и 15,8 отсто од самците.