Италија: Ренци повторно избран за претседател на Демократската партија

Поранешниот италијански премиер Матео Ренци ноќта во неделата повторно беше избран за претседател на неговата партија од левиот центар Демократска партија (PD) која е владејачка во Италија, поверувајќи на партиските избори на кои одѕивот на членството бил поголем отколку што се очекуваше.

„Ова е извонредно голема одговорност, се заблагодарувам од сéсрце на оваа заедница на жени и мажи кои веруваат во Италија, заедно одиме напред“, изјави Матео Ренци откако победата му ја честитаа двајцата противкандидати и пред да бидат пребројани гласовите.

Гласале меѓу 1,9 и 2 милиона луѓе, соопштија од Демократската партија (PD), што е јасен пад во однос на претодните партиски избори на кои учествувале 3 милиона луѓе, но многу помал отколку што навестуваше бледата кампања, без големи вложувања.

Според првите показатели, Ренци освоил околу 70 отсто од гласовите, многу повеќе од Андреа Орландо, актуелниот министер за правда и Микеле Емилијано, гувернер на јужната италијанска покраина Апулија, кои се сметаат за по левичарски политичари.

На партиските избори во декември 2013 година, Ренци беше избран со речиси 68 отсто од гласовите, од повеќе од 2,8 милиони гласачи.

Во текот на целиот ден пратениците од Демократската партија, но и медиумите, објавуваа снимки од гласачите кои доаѓаат не некои од 10-те илјади избирачки места поставени под шатори на улици, во центри за култура и во барови. На изборите можеа да учествуваат сите Италијанци кои имаат избирачка легитимација, сите постари од 16 години и странци со дозвола за престој во земјата.

Четириесет и двегодишниот Ренци, кој во декември 2016 година поднесе оставка од премиерската должност и од лидерската функција во партијата, поради тешкиот пораз на референдумот за уставните промени со коишто ја поврза иднината на својата политичка кариера.

„Започнува сосема нова приказна. Ова не е второто полувреме од натпреварот, туку нов натпревар“, рече Ренци по објавувањето на резултатите.

„Имаме историска задача да не ја оставиме Италија вокал. Сакаме да ја промениме Европа со понизност и со одговорност, Потребна ни е Европа којашто има чувство за солидарност“, порача Ренци.

Иако во кампањата рече дека ќе коалицира со десниот центар на Силвио Берлускони, во неделата Ренци повтори дека ќе стори сé тоа да не се случи. „Сакаме голема коалиција, но со граѓаните и со здруженијата, а не со самонаречени партии кои не застапуваат никого освен себеси“, ретерираше во неделата Ренци.