Италија: Шест години затвор за поранешен гувернер поради соработка со мафија

Поранешниот гувернер на Сицилија, Рафаел Ломбардо, е осуден на шест години и осум месеци затвор, бидејќи е прогласен за виновен за соработка со мафија.

Ломбардо, кој тврди дека е невин, соопштил дека ќе се жали на одлуката на судот во Катанија.

Тој во 2012-та година поднел оставка на местото на гувернерот на Сицилија поради овие обвиненија.

Ломбардо е избран за гувернер на Сицилија, бидејќи неговиот претходник, Салваторе Куфаро, е сменет и моментално служи седумгодишна казна затвор поради помагање на мафијата.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.