Италија: Шокантна пресуда, ослободиле педофил, бидејќи жртвата го сака

64

Шеестгодишен Италијанец е осуден на пет години затвор поради сексуална злоупотреба  11-годишно девојче, но е ослободен откако малата жртва пред судот изјавила дека е заљубена во него и дека сака да биде со него. Судијата ја повлекол пресудата бидејќи двојката, според него, била во романтична врска и не станува збор за злоупотреба.

Италијанските медиуми пишуваат дека педофилот е социјален работник од градот Катанзар во јужниот дел на земјата. Девојчето му било доделено на гржа поради трагичната животна судбина, а тој брутално ја искористил.

Полицијата по пријавата извршила претрес во неговата викендичка на море, а таму во креветот го пронашла девојчето.

Јавноста е шокирана од постапката на судот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.