Италија: Уапсени 90 членови на мафијата

60

Италијанската полиција направила опсежна операција против мафијата Каморе од Неапол, по што беа уапсени 90 лица, а повеќе фирми се затворени.

Во текот на акцијата на полицијата, еден бизнисмен од Кампанија се самоубил, скокајќи од четвртиот кат кога полицијата дошла во неговиот стан во една римска населба за да го уапси.

Таа операција, во која се запленети предмети во вкупна вредност од 250 милиони евра, е најсериозна акција спроведена против наполеанскиот клан Контини.

Целта била да се запленат средства добиени со перење на пари од трговија со дрога и криминал кои што ги спроведувал тој огранок на Камора преку фирми во Неапол, Рим и Тоскана.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.