Италијанците ремизираа дома, Русите победија во Турција

Во најинтересните натпревари во петокот вечерта во Лигата на нациите на УЕФА, Италија и Полска одиграа без победник 1:1, додека Русија ја совлада на гости Турција со 2:1.

Во најсилната според рејтингот група во Болоња, Италијанците не успеаја да ја совладаат Полска во првиот официјален натпревар под водство на новиот селектор Роберто Манчини. Полјаците поведоа со голот на Зјелински во 40 минита, а во 78 минута од пенал израмни натурализираниот Бразилец Жоргињо.

Во ткн Втора лига, во Трабзон Русите ја совладаа Турција со 2:1. Подобрата игра во првото полувреме руската селекција ја круниса уште во 13 минута со прекрасниот гол на Денис Черишев кој една префрлена топка со волеј од петанесетина метри ја испрати во самиот горен поблизок агол од турскиот гол. Турција сепак успеа да израмни во 41 минута преку Сердар Азиз. Домашната селекција во второт полувреме ја презема иницијативата но веќе во 49 минута беше „оладена“ со голот на Артем Дзјуба. Турците заиграа поорганизирано и поопасно но до крајот на мечот не успеаја израмна.

Во оваа група уште е и Шведска којашто на 11-ти октомври ќе игра со Русија, а на 10-ти сепември ќе се сретне со Турција.

Од другите натпревари Србија ја совлада Литванија на гости со 1:0, а со истиот резултат дома Албанија беше подобра од израел, додека Романија и Црна Гора одиграа без голови.

 

ЛИГА А:

Група 1: Германија – Франција 0:0. Во оваа група е уште и Холандија.

Група 3 – Италија – Полска 1:1. Во оваа група е уште Португалија.

 

ЛИГА Б:

Група 1: Чешка – Украина 1:2 (Шик 4/ Конопљанка 54+2, Зинченоко 90+3). Во оваа група е уште Словачка,

Група 2: Турција –Русија 1:2. Во оваа група уште е и Шведска.

Група 4: Велс – Ирска 4:1 (Лоренс 6, Бејл 18, Ремзи 37, Робертс 55/ Вилијам 66). Во оваа група е уште Данска.

 

ЛИГА Ц

Група 1: Албанија – Израел 1:0 (Џака 55 минута). Во оваа група е уште Шкотска.

Група 3: Словенија – Бугарија 1:2 (Зајц 40/ Краев 3 и 59). Норвешка – Кипар 2:0 (Јохансен 21 и 42).

Група 4: Литванија – Србија 0:1 (Тадиќ 38 минута од пенал). Романија – Црна Гора 0:0.

 

ЛИГА Д

Група 1: Казахстан – Грузија 0:2 (Чакветадзе 69 и автогол на Мали 74 минута). Латвија – Андора 0:0.

Група 3: Азарбејџан – Косово 0:0. Фарски Острови – Малта 3:1 (Едминдсон 31, Јоенсен 38 и Хансон 52/ Мифсуд 42 минута).

Група 4: Гибралтар – Малта 0:2 (Тричковски 19 и Алиоски 35 минута). Ерменија – Лихтенштај 2:1 (Пицели 31 и Баргесјна 76/ Волфингер 33 минута).