Ја видел својата почината сопруга на кутија цигари – бара 100 милиони евра отштета

Еден Италијанец се шокирал кога на купената кутија цигари на фотогафијата која предупредува на опасноста од пушењето ја видел својата сопруга која починала пред повеќе од една година. Педестгодишниот маж бил непријатно изненаден и повреден по што решил да тужи за неавторизирано преземање фотографија и за јавно објавување. Тој поднел тужба со барање отштета од 100 милиони евра.

Локалниот италијански весник „Ил ресто дел карлино“ пишува дека мажот кој случајно ја препознал својата сопруга на кутијата за цигари, на која таа е со загубена коса, рекол дека таа починала во 2017 година, но не била пушач.

Не е објавено која тутунска компанија ја презела сликата на починатата жена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.