Италијанската Уникредит банка ќе укине 10.000 работни места

Уникредит банка, најголемата италијанска банка по обемот на средства, разгледува укинување на околу 10.000 работни места или десет проценти од својата глобална работна сила, како дел од новиот бизнис план кој ќе биде претставен во декември, објави Reuters повикувајќи се на два неименувани извори запознаени со ситуацијата.

Еден од изворите тврди дека банката ќе објави најмалку 9.000 откази кои речиси ќе бидат реализирани во Италија.

Преговорите со синдикатите, кои би требало да започнат по 3 декември кога ќе биде објавен бизнис планот за периодот од 2020 до 2023 година, би можел да резултира со намалување на бројот на откази.

Во Уникредит одбија да дадат коментир, објави британската агенција и додава дека њујоршката агенција Bloomberg првa објави за планираните отпуштања.

Жан Пјер Мустиер, првиот човек на Уникредит, неодамна изјави во интервју за Ла Штампа дека новиот план на Банката е врз основа на растот на органска основа, и дека ќе биде во континуитет со претходните со цел остварување вредност за акционерите.