Македонија е скриен бисер на Балканот, со рамниот данок од 10 отсто, специјални економски зони и минимална бирократија земјата ги нуди најдобрите услови за водење бизнис во Европа, се вели во анализата на економскиот и финансиски месечник во Италија-Capital, издание на медиумската куќа ClassEditori во декемвриското издание.
Не можат да се употребат просечни изрази кога се зборува во Македонија. Оваа млада нација во срцето на Балканот е земја која во последните 10 години регистрира еден од најголемите растечки трендови во светот. Според Светската банка оваа некогашка југословенска републка е на 25 место во специјалниот извештај на Дуинг Бизис 2014, се вели во текстот.
Реформите започнати во 2007 за поедноставување на трговијата и стимулирање на нови компании даваат резултати. Магазинот наведува дека рамниот данок од 10 отсто, екстермно ниските фискални давачки, едношалтерскиот систем кои на инвеститорите им овозможуваат да регистрираат компанија за само еден ден, како и целосното ослободување од ДДВ и царинските давачки на извозно ориентираните компании се пример како една мала држава успеаа да направи инвестициски бум и тоа во време на финансиска криза, анализира италијански капитал.
Иницирани и силно поддржани од Премиерот Никола Груевски кој е на чело на државата од 2006, овиереформи покажаа како мала држава може да привлече мултинационлани компании од целиот свет, како руската Протек Груп – гигант во фармацевскиот сектор или американската Џонсон Контролс која произведува делови за автомобилската индустрија, стои во написот.
„Во 2012 година компанијата Сол во Македонија фактурираше скоро 10 милиони евра од вкупно 583 милиони кои беа остварени на ниво на цела групација, притоа тоа реализирајќи инвестиции во Македонија од над 30 милиони евра за да ја искористи стратешката позиција на Балканскиот полуостров, вели за Капитал,Алдо Фумаџали Ромарио извршниот директор на компанијата. Токму пред неколку месеци Сол доби четири концесии за управување на исто толку хидроелектрани во земјата“, вели Ромарио.
„Јасен индикатор за бизнис атрактивноста на оваа земја се гледа во капацитетот да привлече голем број на индустриски групации кои со текот на времето ќе реинвестираат придонесувајќи за развој како на земјата така и на ниво на групшацијата. Ова е уште еден поттик за Владата која не запира во напорите да го подобри фискалниот систем“, изјавил Бил Павлевски, министерот за странски инвестиции.
„По 2006 оваа Влада има дадено значителен придонес за развојот на Технолошките индустриски зони. Станува збор за вистински слободни економски зони, основани за привлекување на страски инветсиции, објаснува и Виктор Мизо директорот на ТИРЗ. Една од последните олеснувања е т.н зелениот канал за слободно царинење. Ова е еден од факторите која ја убедиле групацијата “Витело” лидер во секторот на хидраулика да ја отвори компанијата Технохозе која произведуа гумени црева наменети за пазарите во Југоисточна Европа и Русија. Компанијата влегла со иницијална инвестиција од 10 милиони евра“, објснува Мизо.
Околу 60 отсто од нашиот извоз е кон Европската Унија. Нашиот влез во Унијата ќе придонесе за стабилизирање на земјата не само од економски аспект, објаснува и премиерот Груевски.
„Земјата е кандидат од 2005, сакаме да бидеме дел од ЕУ и НАТО. Дури и судот во Хаг пресуди во нашата полза но сепак страдаме од вето од Грција поради спорот со името на нашата земја“, објаснува Груевски за Капитал.
Економскиот и финансиски магазин Капитал е дел од водечката медиумска куќа за финансии, економија, мода и луксузниот сектор во Италија, Class Editori.
Меѓу поважните наслови од економскиот и финансискиот сектор на Class Editori се дневните весници Milano Finanza, Italia Oggi, месечните магазини Capital, Global Finance, телевизискиот канал Class CNBC во партнерство со NBC Universal, веб порталите www.milanofinanza.it, www.italiaoggi.it
Покрај Капитал и уште неколку познати медиумски групации пишуваа за најдобрите услови што ги нуди Македонија за инвестирање.