Италијанскиот премиер ги обвини Франција и Германија за лицемерие во ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел и италијанскиот премиер Џузепе Конте

Италијанскиот премиер Џузепе Конте го критикуваше во петокот лицемерието на Франција и Германија кои се затскриваат зад европска реторика, а насекаде ги штитат само своите интереси, по прашањата од миграциите, преку индустријата до меѓународната дипломатија.

Во интервјуто за миланскиот дневен весник Corriere della Sera, премиерот Џузепе Конте без влакна на јазикот порача дека Италија повеќе не е подготвена да глуми „сиромашен роднина“, додека најголемите нации во Европската унија се обидуваат да ја зајакнат својата моќ и влијание на штета на вистинските европски интерграции. „Мислат само на сопствените национални интереси“, вели италијанскиот премиер.

За Конте особено е навредлив германско-францускиот билатерален договор потпишан претходно седмицава во Ахен, со кој на Германија ѝ се дава поддршка како постојана членка на Советот за безбедност при Обединетите нации.

„Нѐ мамат“, вели Конте потсетувајќи на широкиот договор од почетокот од 1990-те години дека постојаното место во Советот за безбедност на ОН требада да го добие Европската унија како целина, а не Германија. „Но сега Франција и Германија ги уловивме со прстите во медот“, додава италијанскиот премиер.

Владејачките италијански партии, евроскептичното и антиестаблишмент Движење пет ѕвезди, и десната суверенистичка партија Лига, подолг период наназад отворено и остро го критикуваат францускиот претседател Емануел Макрон, меѓу другото обвинувајќи дека Франција спроведува нов колонијализам во Африка и експлоатирајќи ги ресурсите го осиромашува контитнтот и неговите народи, одржувајќи го хаосот особено во Либија којашто стана главна точка за миграциите во Средоземјето, главно кон Италија.

Поранешниот универзитетски професор по меѓународно право, Џузепе Конте, не припаѓа на ниедна партија и се смета за умерен политичар, посредник, но тој ги предупоредува Франција и Германија да не се обидуваат да ја изолираат Италија.

„Зошто јас би учествувал на самитот, ако тие веќе одлучиле за сѐ“, прашува Конте и порачува дека Италиа повеќе нема да седне на маса и да потпишува веќе донесени одлуки.

„Еропската реторика“ со којашто се користат Французите и Германците ја прикрива одбраната на нивните интереси во сферите на финансиите и индустријата, додава Конте. Како пример го наведува случајот од овој месец кога двете земји блокираа италијанска бродоградежна компанија во полза на францускиот конкурент.

„Мораме работите да ги нарекуваме со вистинското име. Доколку сега не се вмешаме, историјата ќе нѐ памети како оние кои се одговорни бидејќи молчеле… Можеби би требало да зборуваме поотворено, сите ние, и да кажеме ‘Европа е гола’.
Празната европска реторика повеќе не е доволна“, вели Конте.

Анкетите покажуваат дека 60 отсто од италијанските гласачи ја поддржуваат владата на Конте, на што се осврнува премиерот и оценува дека „ниедна влада во Европа не ужива таква поддршка“ и додава дека „не можеме да ја прифатиме замислата дека би требало да се однесуваме како сиромашни роднини“.

Италијанскиот вицепремиер Матео Салвини претходно во средата изјави оти се надева дека Французите нема да гласаат за партијата на претседателот Емануел Макрон на претстојните избори за Европскиот парламент кои се одржуваат во мај. Салвини рече дека Франција, која предничеше во воената интервнеција, не е заинтересирана за стабилизирање на од војната уништената Либија, којашто по конфликтот стана главната точка на поаѓање за криумчарите кои ги испраќаат мигрантите кон Европа во опасни гумени чамци и дотраени бродови, поради тоа што во Либија се судрија француските и италијанските енергетски интереси.

Односите меѓу Франција и Италија, инаку некогаш блиски сојузници, се влошија откако минатата година италијанската влада ја формираа суверенистичката крајна десница и евроскептичното движење, кои отворено го критикуваат либералниот француски претседател Емануел Макрон и неговата проевропска партија Во движење (En Marche) кои имаат тендеции заедно со Германија, Париз да ги диктира новите правци во Европската унија.

 

Претходно во втоникот и вториот италијански вицепремиер Луиџи Ди Мајо го обвини Париз дека намерно ја одржува сиромаштијата и колонијалниот статус во Африка, и оти ги поттикнува масовните имиграции кон Европа, а од нив меѓу најпогодените е токму Италија. Потоа во вторникот Салвини рече дека Франција, која предничеше во воената интервнеција, не е заинтересирана за стабилизирање на од војната уништената Либија, којашто по конфликтот стана главната точка на поаѓање за криумчарите кои ги испраќаат мигрантите кон Европа во опасни гумени чамци и дотраени бродови, поради тоа што во Либија се судрија француските и италијанските енергетски интереси.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.