Италијанскиот претседател свика нов круг консултации за владата

ANSA/ UFFICIO STAMPA QUIRINALE - FRANCESCO AMMENDOLA

Италијанскиот претседател Серџо Матарела повика на втор круг консултации на 7-ми мај за формирање на новата влада и обидот да се стави крај на деветте седмици на политичката блокада по парламентарните избори во март кои не дадоа јасен победник.

Шефот на италијанската република веќе одржа два круга разговори со партиските челници во коишто не беше надминат политичкиот ќорсокак, додека во двата други обида за посредување меѓу двата парламентарни претседател, исто така, останаа без успех.

Претставник на претседателската палата изјави во четвртокот дека претседателот Серџо Матарела ќе се состане со партиските претставници во понеделник пред да донесе одлука за следните чекори. На располагање му се останати уште неколку опции, додека во Италија сѐ погласни се повиците за распишување нови општи избори.

Италијанската политичка ситуација е во лимбо позиција по речиси израмнетите резултати од изборите на 4-ти март на коишто десниот сојуз предводен од антидоселеничката и Лига (поранешната Северна Лига) освои најмногу пратенички мандати, додека антиестаблишмент и евроскептично Движење пет ѕвезди, како и на претходните избори, повторно беше најсилната поединечна партија. Левиот центар предводен од Демократската партија која ја водеше претходната влада поддржана од десниот центар доживеа дебакл и падна на третото место според бројот на освоен мандати на сите партии од овој дел од политичкиот спектар.

Извор од кабинетот на претседателот претходно во среда за италијанските медиуми изјави дека Матарела нема да распише нови избори во јуни во пресрет на летните одмори, како и дека попрво наместо тоа ќе се обиде да издејствува привремена влада којашто би го формирала буџетот на земјата.

Доколку партиските челници не успеат да формираат ваква влада, којашто речиси сигурно би ја водела непартиска или неполитичка личност, тогаш новото гласање би се одржало наесен, најверојатно во октомври.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.