Итен инспекциски надзор во скопска градинка – на децата им пуштале турбо фолк

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека веднаш ќе испрати вонреден инспекциски надзор во скопска градинка откако се објави видео снимка на која се гледа дека на децата им се пушта несоодветна музика.

„Јавните установи за згрижување и воспитување на деца работат врз основа на Програма за рано учење и развој која воспитно-згрижувачкиот кадар е должен да ја спроведува. Надлежните инспекциски служби ќе ја утврдат фактичката состојба околу спроведувањето на Програмата, по што ќе предложат соодветни мерки“,најавија од Министерството за труд и социјална политика.

Како што може да се види од видео снимката на децата им се пуштала фолк песната „Жена од султана“.