Итен состанок на НАТО за договорот „Отворено небо“

435

Амбасадорите на земјите членки на НАТО се повикани на итен состанок во петокот по најавата за повлекувањето на САД од Договорот за отворено небо.

„Состанокот е свокан за петокот попладнето за да се анализираат последиците од американсата одлука којашто ја најави претседателот Доналд Трамп“, изјавил за агенцијата AFP неименуван извор доцна ноќта во четвртокот.

„Русија не го почитуваше договорот. Ако тие не го почитуваат, ние се повлекуваме“, изјави американскиот претседател повторувајќи ги обвинувањата кои претходно ги изрекоа и други американски високи функционери без да прецизираат за какви нарушувања на договорот станува збор.

Трамп притоа прецизираше дека повлекувањето ќе биде спроведено за шест месеци. Тоа е всушност одредба од договорот потпишан од 35 земји во 1992 година а кој почна да се применува од 2002 година.

Договорот „Отворено небо“ овозможува непречени прелети на териториите на земјите потписнички од летала на други земји со цел да се надгледува разместувањето на воените трупи и постројки на одредена земја на нејзината територија.

Русија веќе одговори во четвртокот дека таа, исто така, има забелешки дека САД не се придржувале до одредбите од договорот, и предупреди дека неговото поткопување ѝ нанесува штета на безбедноста на Европа.

Во земјите сојузнички на САД во НАТО во четвртокот вечерта ја критикуваа американската најава. Сите сојузници барале САД да останат членка во договорот, појаснил изворот на AFP.

Трамп не ја затвори сосема вратата за преговори за договорт. Што всушност е негова стратегија за ревидирање на сите досегашни американски мултилатерални договори, и во сферата на безбедноста и во трговијата. Досега САД истапија и нуклеарениот договор на Иран со шесте светски сиил од 2015 година, а како и од договрот за копнените проектили со среден дострел и сакаат ревидирање и на договорот со Русија за интерконтиненталните нуклеарни проектили, во кој сакаат да ја вклучат и Кина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.