Итна седница на Советот за безбедност на ОН за ескалацијата на судирот меѓу Хамас и Израел

Советот за безбедност на Обединетите нации одржа итна седница зад затворени врати поради ескалацијата на палестинско-израелскиот судир, но не се преземени итни. САД бараа од сите 15 членки на Советот за безбедност да ги осудат „гнасните терористички напади што ги изврши Хамас“. Американскиот амбасадор во светската организација Роберт Вуд по седницата изјави дека голем број земји го осудиле нападот на Хамас, но не и сите земји членки на Советот за безбедност.

Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја, изјави дека Американците за време на седницата се обиделе да ја обвинат Русија дека не го осудува нападот што не е точно.

„Ги осудуваме сите напади врз цивилите, тоа беше мојот коментар“, рече Небензја и нагласи дека пораката на Русија е дека е важно „веднаш да прекинат борбите, да се издејствува прекин на огнот и сите да се вратат на сериозни преговори кои се во застој со децении“.

Американскиот амбасадор Роберт Вуд јасно ставил на знаење дека Вашингтон е фокусиран на осуда на Хамас и додал дека Хамас мора да ја оконча својата насилна терористичка активност против израелскиот народ.

Неколку членки на Советот за безбедност на ОН ја осудија офанзивата на Хамас во неделата, иако немаше едногласност. Во пресрет на седницата, САД ги повикаа сите членки на Советот за безбедност најостро да ги осудат терористичките напади на Хамас „на народот на Израел и владата“.

„Добар број земји ги осудија нападите на Хамас. Но, очигледно не сите“, изјави за новинарите помошникот на американскиот амбасадор по средбата. „Сигурен сум дека можете да сфатите кој е ако не го кажам тоа“, рече тој, јасно алудирајќи на Русија.

Според дипломатите, никој ниту се обидел да стави нацрт-заедничка изјава на маса, бидејќи Советот за безбедност редовно е поделен околу израелско-палестинското прашање.

„Мојата порака беше итен прекин на борбите, прекин на огнот и преговори“, изјави рускиот амбасадор Небензија.

Неговиот кинески колега Џанг Џун ги осуди сите напади врз цивили, инсистирајќи на потребата од мировен процес за да се постигне решение за две држави.

Израел има само едно барање до Советот за безбедност, изјави израелскиот амбасадор Гилад Ердан пред состанокот: „Воените злосторства на Хамас мора да бидат недвосмислено осудени, овие незамисливи злосторства мора да се осудат“. „На Израел му треба непоколеблива поддршка за да се брани“, продолжи тој.

„За жал, за некои медиуми и политички лидери, историјата започнува само кога Израелците ќе бидат убиени“, одговори палестинскиот амбасадор Ријад Мансур, кој ја претставува палестинската власт, но не и Хамас.