Итната помош во „Букурешт“ работи, „мој термин“ во другите поликлиники

Здравствен дом на Скопје – Скопје ги известува граѓаните и пациентите дека службата на Итната медицинска помош при поликлиниката „Букурешт“ е целосно функционална, уште од синоќа во ноќните часови, кога се случи испад во една од трафостаниците, поради што беше доведено во прашање снабдувањето на објектите на поликлиниката со електрична енергија.

-Соопштуваме на граѓаните и пациентите дека поради голем дефект на трафостаницата, прегорен кабел, објектот на поликлиниката ‘Букурешт’ е сѐ уште без напојување со електрична енергија, но закажаните прегледни преку ‘Мој термин’ овозможивме да се реализираат во други поликлиники. За реализацијата на прегледите, граѓаните и пациентите може да се информираат на телефонските броеви 075 369575 и 070 350758 или лично во поликлиниката ‘Букурешт’“, соопштија од Поликлиниката.