Иван Чупиќ последен пат во вардаровиот дрес во Лигата на шампионите

41

Вардар ја заврши сезоната во Лигата на шампионите со вториот пораз од Веспрем во осминафиналната фаза.

Овој натпревар беше последен за Иван Чупиќ во клупското натпреварување како член на македонскиот гигант. 35-годишникот на крајот од сезоната заминува од Скопје и ќе се пресели во екипата на ППД Загреб.

Миленикот на навивачката група „Комити“ вечно ќе се памети поради неговите залагања и настапи во изминатите сезони. Тој беше човекот кој го постигна историскиот погодок за европска титула во 2017 година, кога вардарци се радуваа во финалето во Келн против можниот Пари Сен Жермен.

Хрватот даде сè од себе во изминатите пет години и беше дел од најуспешните години во историјата на клубот. Две години по првата, десното крило беше дел и од генерацијата ракометари кои го донесоа вториот европски трофеј во Македонија.

Вардар ја заврши сезоната во Лигата на шампионите со вториот пораз од Веспрем во осминафиналната фаза.

Овој натпревар беше последен за Иван Чупиќ во клупското натпреварување како член на македонскиот гигант. 35-годишникот на крајот од сезоната заминува од Скопје и ќе се пресели во екипата на ППД Загреб.

Миленикот на навивачката група „Комити“ вечно ќе се памети поради неговите залагања и настапи во изминатите сезони. Тој беше човекот кој го постигна историскиот погодок за европска титула во 2017 година, кога вардарци се радуваа во финалето во Келн против моќниот Пари Сен Жермен.

Хрватот даде сè од себе во изминатите пет години и беше дел од најуспешните години во историјата на клубот. Две години по првата, десното крило беше дел и од генерацијата ракометари кои го донесоа вториот европски трофеј во Македонија.

Чупиќ и во оваа сезона, кога Вардар има големи финансиски и проблеми со играчкиот кадар, е вистински лидер и еден од најдобрите на секој натпревар. За него останува достојно да ги одигра останатите неколку месеци во вардаровиот дрес, а потоа да каже збогум на клубот во кој значително ја збогати својата кариера…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.