Иван Џолев доби втор мандат како претседател на Кривичниот суд

Иван Џолев одново е избран за претседател на Кривичниот суд. Тој беше единствен кандидат пријавен за оваа позиција.

Ова му е втор мандат на Џолев, кој повеќе од шест месеци беше и вршител на должност. Советот на јавните обвинители го избра кога на оценувањето од Комисијата ги има освоено максималните бодови.

Џолев првпат за претседател беше избран во 2017 година. Според членовите на Судскиот совет, тој има знаење и стручност за оваа функција, а избран е едногласно.

Освен во Скопје, на денешната седница треба да се изберат претседатели на основните судови и во Ресен и во Виница.

Исто така, треба да се избираат и судии за гостиварска Апелација, како и за кривичните судови во Скопје и Штип.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.