Иванов бара од Заев да го достави нацртот на договорот за името

765

Во недостиг на клучни документи, а со цел обезбедување на поширок консензус за прашањето за името, Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов го охрабрува претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев да ги достави предлогот за водење на преговори со уставна основа, нацртот на договорот, како и ставовите на делегацијата во водењето на преговорите, информираат од неговиот кабинет.

-Ставот на претседателот Иванов дека не прифаќа решение за прашањето за името за севкупна употреба или ерга омнес е основен непроменлив принцип, што е во согласност со утврдената правна рамка за водење на разговорите за разликата околу името во рамките на Обединетите нации и во никој случај не е насочен против интеграцијата на Република Македонија во Европската унија и во НАТО, се наведува во соопштението од кабинетот на Иванов.

Претседателот Иванов укажува на потребата од постигнување на национален консензус за надминување на разликата околу името и изнаоѓање решение кое нема да го наруши достоинството на македонскиот народ и граѓаните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.