Иванов: Безбедносна соработка и интеграција на регионот за поголема сигурност

Поголема безбедносна соработка во регионот и размена на чуствителни податоци и брза интеграција на сите земји е неопходна за да се зголеми сигурноста, порача претседателлот Ѓорге Иванов на вонредниот самит на Процесот Брдо – Бриони што денеска се одржа во Загреб, пренесува МИА.

Како што посочи македонскиот претседател, Самитот е вонреден бидејќи се отворија прашања поврзани со мигрантската криза и бегалците.

Овие прашања го оптоваруваат целиот наш регион и цела Европа. Безбедносните прашања не се поттикнати само од настаните во Париз, туку на многу места на планетава се случуваат агресивни чинови кои се израз на одредени терористички акти. Во нашиот регион и покрај сета соработка што досега ја имаме и стекнатата доверба особенно преку Брдо – Бриони процесот, сепак во сферата на безбедноста отсуствува соработка, размена на податоци и доверба за да се разменат чуствителни податоци од сферата на безбедноста, изјави Иванов.

Неопходна е соработка меѓу безбедносните служби во Регионот

Иванов…