Иванов: Да ги искористиме можностите на геотермалната енергија

Пред кочанци на вечершниот митинг, Ѓорге Иванов, кој по втор пат се кандидира за шеф на државата истакна дека многу е важно, како за Кочани, така и за Македонија да се искористат можностите кои ги нуди геотермалната енергија.

Тој потсети дека уште во 2011 година во Кочани бев покровител на конференцијата за геотермална енергија.

„Геотермалната енергија ќе биде главен двигател за економскиот развој на Кочани. Во градот веќе гледаме примери за тоа како домаќински се користи геотермалната вода. Недалеку од Кочани се наоѓа геотермалното лежиште „Подлог-Бање“. Од него загреваат оранжерии, училишта, јавна установа, спортска сала… Можности има уште повеќе“, нагласи Иванов.

Според него со користење на геотермалната вода со која Македонија изобилува ќе се заштедат милиони евра за увоз на енергенси. Треба домаќински да ја користиме енергијата.

„Ќе ги поддржам сите проекти со кои ќе се искористува потенцијалноста на геотермалната енергија“, им рече тој на граѓаните кои дојдоа да го поддржат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.