Иванов: Да покажеме дека кога се работи тимски се’ се гледа

Да покажаме дека кога се работи тимски се се гледа и се се чувствува. Изминатите години работевме заедно со Премиерот, со министрите, со пратениците, со градоначалниците и сите резултати се видливи, истакна претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ, Ѓорге Иванов во сојот говор на митингот во Дојран

„Македонија овие години доби 120.000 нови работни места. Во секоја општина се спроведуваат активности за потребите на граѓаните на тие општини. Се прават патишта, училишта, водоводи, секаде нешто се превзема, како резултат на барањата на граѓаните… Ме радува што Дојран повторно го враќа стариот сјај и  станува многу поубав. Не само што се наполни езерото, туку Дојран станува се попривлечна туристичка дестинација“, рече Иванов.

Иванов во говорот нагласи дека во изминативе години во Македонија интезивно се работи и на изградба на автопатишта, се отвораат фабрики и нови работи места.

„За сето тоа треба многу труд, знаење и умешност. Овој млад тим на чело со премиерот Груевски на сите посети во странство настојуваа да привлечат странски инвестиции и за тоа имаа политичка поддршка. Секаде помагав да се претстави новото лице на Македонија. Македонија како земја која има најповолни услови за странски инвестиции, како земја во која се образуваат младите луѓе, земја во која се даваат стипендии. Инвестицијата во знаењето е најисплатливата инвестиција“, истакна Иванов.

Иванов рече дека Дојран е пример каква треба да биде идинината на Европа.

„Тука е Дојран, а од другата страна е Дојрани. Ни треба Европа за да не се чувствува границата која разделува, туку границата која спојува. Затоа сите проблеми кои ни ги оставиле другите во наследство, ги решаваме со дијалог и со посветеност. Знаеме дека ќе дојдеме до решение, но ќе ја сочуваме нашата посебност, гордост, и аманетот од нашите предци“, нагласи во својот говор пред жителите на Дојран претседателскиот кандидат.