Иванов: Долгорочното инвестирање во образованието носи вработувања на младите

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов на денешниот централен митинг во Велес истакна дека еден од столбовите во неговата програма е образованието.

„Со долгорочно инвестирање во образованието, Република Македонија ќе стане земја во која секоја година ќе се отвораат нови работни места, токму поради тоа што ќе имаме сè повеќе високообразовани луѓе. Образование од градинка до факултет. Затоа, се реконструираат основните училишта „Св. Кирил и Методиј“ и „Благој Кирков“ и средното училиште „Кочо Рацин“. Техничко-технолошкиот факултет започна да работи во новите простории. Обезбедени се и дисперзирани студии. Од овие клупи да произлезат велешани и велешанки подготвени за работа,“ нагласи Иванов.

Покрај образование, Иванов посочи дека еден од столбови е во неговта програма е и земјоделството.