Иванов го посети Кривогаштани

Претседателот Ѓорѓе Иванов,  денеска ја посети општина Кривогаштани. Локалното население го информираше Иванов заинфраструктурните проекти што се реализираат во оваа општина, каде што во тек е и изградба на сточен пазар.

ivaov2

Локалната власт во ова село го спроведе проектот за санација на улици , а во тек е и реконструкција на локалниот пат Кривогаштани – Бучин.

ivano3

Како дел од активностите на оваа општина  се и поставување на камен темелник на спортска сала во училиштето и изградба на повеќенаменско спортско игралиште.