Иванов ќе прими акредитиви на новоименувани амбасадори

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори. Иванов ќе ги прими акредитивите на новите амбасадори на Република Финска, Швајцарската Конфедерација, Република Естонија и Ирска во Република Македонија.

Новоименуван амбасадор на Финска е Перти Иконен, на Швајцарската Конфедерација Сибиле Сутер Тејада, а на Естонија Даниел Ерик Шаер. Новоименуваниот амбасадор на Ирска е Дерек Фили.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.