Иванов: Конкретни проекти и видливи резултати!

На денешниот митинг во Свети Николе, Ѓорге Иванов, претседателскио кандидат на ВМРО-ДПМНЕ; пред граѓаните истакна дека веќе е реализирано она што им го вети пред пет години.

„Програмата со која излегов пред вас во 2009 година е исполнета. Реализирав и повеќе од тоа што беше предвидено. Посветено работев овие 5 години. Имав преку 200 билатерални средби со шефови на држави. Повеќе од 150 средби со премиери, претседатели на парламенти и шефови на дипломатија. За време на мандатот имав повеќе од 100 средби со други странски државници, со високи претставници на меѓународни организации и со верски лидери. Досега остварив повеќе од 100 официјални, работни и неформални посети и учества на меѓународни настани. Бев домаќин на над 40 официјални и работни посети на шефови на држави на Република Македонија. На тие средби работев на отворање можности за македонската економија, за подобар живот на граѓаните“, рече Иванов.

Во сè што правев, не бев сам, рече тој и’ и оддаде големо признание на Владата за вложените напори. На дело покажуваат како се работи за Македонија бидејќи  исплатени се половина милијарда евра субвенции за земјоделците; донесени се речиси 2 милијарди евра странски инвестиции; спроведени се реформи во речиси секоја област од животот и просечната пензија e зголемена за 62 отсто.

Тој појасни дека како претседател на Република Македонија, имал одлична соработка со извршната и законодавната власт и со одговорните луѓе на бројни државни институции.

Со заедничка работа, многу постигнавме, односно обезбедена е визна либерализација, Македонија е дел од  гасоводот „Јужен тек“, донесени се нови странски инвестиции, се отворивме кон нови пазари и создадовме нови можности за македонската економија.

Тоа според докажаниот претседател се конкретни проекти и видливи резултати!