Иванов: Наша цел е да се отвораат уште повеќе нови работни места

Еден од главните столбови на програмата на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓе Иванов, е создавање на нови работни места.

„Еден од главните столбови на мојата програма е создавање нови работни места. Каде и да одам, ќе продолжам да работам на привлекување странски инвестиции во Македонија. Резултатите од досега направеното се видливи. Отворени се 120.000 работни места во Македонија. Тоа е голем успех за нашата економија. Но, не запираме. Наша цел е да се отвораат уште повеќе нови работни места. Луѓето да работат, да заработуваат пристојна плата и да си ја планираат иднината на децата“, рече Иванов пред граѓаните на Росоман.

Сево ова, како што рече тој, се конкретни проекти и конкретни остварени цели.