Иванов од Василево: Како да не го почитувам народот кој си ја почитува традицијата

Како да не дојдам да го почитувам народот кој си ја почитува традицијата, порача денеска од Василево кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија, Ѓорге Иванов.

„Се сеќавам пред пет години, заедно со Вашиот градоначалник тргнавме во кампања. Тој за да биде градоначалник, јас да бидам Претседател. Се сеќавам како одевме по калливи улици и како гледавме незадоволство кај земјоделците. Сега гледам како успева Василево. Само во последнава година, за година дена, три пати сум дошол во Василево. Не доаѓам само за избори, доаѓам и да Ви го честитам успехот кој го постигнувате. Успехот на вашиот тим предводен од градоначалникот. Ме прашуваат зошто сум доаѓал во Василево на празијада. Како да не дојдам да го почитувам народот кој си ја почитува традицијата. Си ги почитува обичаите. Како да не бидам на настани каде што се нашите граѓани“, рече Иванов.

Секој има потреба од внимание, рече Иванов и вие тоа го заслужувате. Доаѓавме и со странски амбасадори, пред кои градоначалникот го презентираше успехот на Василево. Ги посетувавме новите објекти, новите компании.