Иванов: Отворени над 120 илјади работни места низ Македонија

Во последно време околу 120 илјади работни места се отворени низ Македонија, рече денеска претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, пред голем број приврзаници во Василево.

„Гледаме колку нови фабрики се отвораат низ Македонија. Во последно време 120 илјади работни места се отворени низ Македонија. Сите тие луѓе имаат плата, создаваат семејства. И затоа секаде каде што одиме,  бараат градинки да се отвораат низ Македонија. Тоа е успехот на Македонија. Да создадеме и сегашност и иднина за идните поколенија. Затоа што функциите доаѓаат и си проаѓаат, но останува човечноста. Да помагаме на секој поединец, на секое населено место. Да бидеме сплотени и единствени. Тогаш и другите ќе не почитуваат. Тогаш и другите ќе ни честитаат. Само сложни и обединети постигнуваме успеси. Видовме како победуваат нашите спортисти. Победуваат затоа што работат како тим. Секаде успева Македонија. Успева затоа што сме посветени на она што сакаме да го постигнеме. Секој во животот мора да успее, за да биде успешна и Македонија“, рече Иванов.