Иванов им порача на Туск и на Хан: Имаме капацитет од две илјади лица кои транзитираат

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов, на заедничката средба со претседателот на Србија Томислав Николиќ и еврокомесарот за преговори за проширување Јоахнес Хан со првиот човек на Европскиот совет, Доналд Туск, денеска во Брисел им повторил дека Република Македонија има капацитет да акомодира на својата територија само две илјади лица од бегалците привремено и тоа само при нивниот транзит.

Иванов: Имаме капацитет од две илјади лица кои транзитираат

Како што јавува МИА, денешната средба на претседателот Иванов со Туск и српскиот претседател беше на иницијатива на првиот човек на македонската држава, а со цел менаџирање на мигрантската и бегалската криза, бидејќи Македонија и Србија се транзитни држави што не се членки на Унијата и не учествуваат во процесот на носење одлуки и управувањето со кризниот менаџмент во рамки на ЕУ.

Ние остануваме на бројот што беше пријавен за време на лидерската средба во октомври овде во Брисел. Како земја со два милиони жители, ние имаме капацитет од две илјади лица, но само кои транзитираат. Немаме капацитети да задржуваме лица, бидејќи нашата територија е куса, само 160 киолометри и нема потреба кај нас да се отвораат капацитети каде овие лица би биле згрижени доколку коридорот се затвори, посочи Иванов по средбата.

Оваа реакција на македонскиот претседател доаѓа со оглед на изјавата на Николиќ, дека тој на средбата ветил дека Србија е подготвена „на подолг период” да прифати и смести на сопствената територија околу шест илјади бегалци, „но тоа не е случај со Македонија”, како што рекол српскиот претседател. Но, Иванов додаде дека Србија, согласно нивниот број на жители ја дава таа бројка што соодветствува со бројката што Македонија ја има како земја со два милиони жители.

Но, нашите капацитети, повторувам не се за згрижување на лица, туку само за обезбедување на привремен престој при транзитирање низ територија на Македонија, вели Иванов.

Македонија ќе добие помош и од Фронтекс

На денешната средба присуствувал и директорот на “Фронтекс” кому Иванов и Николиќ, како што потврди македонскиот претседател, му ги истканале сите актуелни моменти што Македонија и Србија ги имаат во поглед на мигрантската криза. Тие особено инсистирале на тоа дека во последно време има нова реалност, бидејќи кога започнала контролата на тие што влегуваат на нашите територии, со оглед на тоа што има ограничувања и се препуштаат само бегалците, не и илегалните мигранти, дека сега има “безбедносни закани за нашите земји, а тоа се однесува и на Унијата”.

Пред се имаме голем наплив на фалсификувани документи. Има луѓе со лажни идентитети што се обидуваат статусот бегалец да го добијат со замена, користејќи таков идентитет. Тешко е проверливо од каде доаѓаат тие луѓе, бидејќи има само изјава и не можеме да им земеме биометриски податоци. Затоа, направивме дистинкција на средбата за хуманитарниот аспект на кризата, за што дават средства и ЕУ и меѓународните организации и овие средства одат а хуманитарните, невладини организации како “Црвениот крст”, но безбедносниот аспект останува на нас државите што сме на коридорот, нашите најголеми трошоци се на овој аспект од кризата, бидејќи полицијата мора да ги проверува документите на лицата, а на оние што немаат документи да им зема биометриски податоци, а таква опрема немаме. Инсистиравме, и покрај тоа што досега самите се снаоѓаме, во поглед на безбедносниот аспект на кризата, Европскиот совет да го отвори и тоа прашање и да ни излезе пресрет на земјите што не сме членки на ЕУ, а сме на коридорот, како Македонија и Србија во однос на овие нови состојби, потенцира Иванов.

Македонскиот претседател…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.