Иванов: Се што беше кажано беше исполнето

Добар ден Маврово и Ростуше! Чест ми е да сум тука, на ова место кое е родно место и на Пулевски и Зографски, и на Сариевски и Личеновски, на Мажовски и Дичо Зограф, Саме Жерновски, на многу,  многу  големи луѓе познати насекаде. Луѓе кои дале се за Македонија…

Со овие зборови претседателот Ѓорѓе Иванов ги поздрави жителите на Маврово и Ростуше.

Тој истакнувајќи дека и пред пет години дошол овде со програма и ги исполнил ветувањата, сега повторно ја бара довербата од граѓаните.

Се сеќавам пред 5 години, од ова исто место, ви кажав: доаѓам со програма, за да ја добијам вашата доверба. Сега после 5 години доаѓам и повторно ви велам – благодарам за довербата што ми ја укажавте минатите избори, и се она што беше кажано се беше исполнето. И ветувањата дека ќе ве посетам после изборите го исполнив минатиот пат. И сега повторно ви велам – и после овие избори, повторно ќе ве посетам, рече Иванов.