Иванов се залага за професионални амбасадори

Кабинетот на Претседателот Ѓорге Иванов преку соопштение ги демантира изнесените тврдења од страна на Дипломатскиот клуб дека го блокира наименувањето на неколку амбасадори.

Ја информираме јавноста дека за сите предлог-кандидати за амбасадори, за кои  претходно е постигната согласност со Министерството за надворешни работи, постапките за нивно именување се во тек. Согласно законските процедури, за дел од прифатените и усогласени предлози, постапките за нивно именување се завршени и дипломатите се веќе упатени на извршување на амбасадорската должност. Доколку Дипломатскиот клуб има забелешки околу постапката и процедурите за именување на амбасадори, го упатуваме на одговори во кабинетот на министерот за надворешни работи, се вели во реакцијата од кабинетот на Иванов .

Претседателот на Република Македонија, како што се вели во соопштението, како и досега, останува доследен на своите заложби за поставување на професионални и стручни кадри, кои ќе придонесат во јакнење на дипломатската мрежа и ќе ги застапуваат интересите на Република Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.