Иванов смета на пензија, канцеларија, возач и обезбедување по завршувањет на мандатот

66

Денеска е последен работен ден за претседателот Ѓорѓе Иванов, на кого мандатот му истекува во недела, кога функцијата треба да ја преземе новиот претседател избран на петти мај, Стево Пендаровски.

Како што дознава 1ТВ претседателот во заминување Ѓорѓе Иванов до службата за општи и заеднички работи, доставил барање за изнајмување на кабинет, а добил позитивен одговор. Засега не се знае каде ќе му биде канцеларијата.

СОРЗ дала позитивен одговор, зошто буџетот за канцеларијата изнесува 8 проценти од годишниот буџет на претседателскиот кабинет, што е во согласност со постоечкиот закон.

Иванов до крајот на животот ќе користи месечна пензија од околу 100.000 денари, личен возач и лично обезбедување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.