Иванов: Со Договорот од Преспа се негира правото на самоопределување, слободата на мислење и изразување

Авторите на текстот на Договорот од Преспа, кои и да се тие,  покажуваат или елементарно непознавање на балканската историја или загрижувачка индиферентност кон процесите на градење на балкански идентитети,  рече претседателот нас државата Ѓорѓе Иванов на првата национална конференција за византологија од Охрид.

Според него, Македонијас ја живее истата судбина како и самоиловата држава преку непризнавање, негирање, обиди за блокада и изолација и погрешно именување, а обвини и дека со Договорот од Преспа се негира правото на самоопределување, слобода на мислење и изразување.