Иванов со поддршка за Стефковски

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Гази Баба, Бобан Стефковски денес оствари средба со екс претседателот на државата, Ѓорге Иванов, каде Иванов му ја дал целосната поддршка на престојните избори.

-Денес остварив средба со поранешниот претседател на Република Македонија. Ѓорге Иванов. Му благодарам на претседателот Иванов за одличната средба, како и за неговите совети кои беше задоволство да се слушнат. Претседателот Иванов изрази поддршка на мојата кандидатура за градоначалник на Општина Гази Баба, напиша Стефковски на Фејсбук.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.