Иванов: Со реваншизам и демонстрирање сила нема напредок

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во своето обраќање до граѓаните вечерва истакна дека до него секојдневно пристигнувале информации и загрижен е за политичкиот реваншизам што е видлив, како што рече, на повеќе нивоа.

-Со ова се внесува страв и несигурност што доведува до состојби на тензии и политичка дестабилизација. Во услови кога нè очекува исполнување на многу преземени обврски за консолидација на општеството, како и на патот на европската и евроатланската интеграција, целата енергија треба да е фокусирана кон градење консензус за национален дијалог и исполнување на реформите. Со реваншизам и демонстрација на сила се генерализира поларизација на општетството, состојба во која не можеме да очекуваме напредок во реформските процеси. Повикувам на разумно и одговорсо однесување на сите надлежни институции кои мора да ги почитуваат Уставот и законите на Република Македонија. Секој е одговорен за своите постапки и свесен за последиците кои произлегуваат од нив. Граѓаните очекуваат решенија, а не проблеми, граѓаните очекуваат поголема благосостојба и просперитет. Сите политички субјекти треба да служат за остварување на тие интереси на граѓаните, истакна Иванов.

Тој нагласи дека нема ништо потрагично и поопасно од меѓумакедонскиот судир.

-Секогаш кога сме биде поделени други не окупирале, раселувале, преименувале и однародувале, заклучи претседателот Иванов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.