Иванов: Тие нека напаѓаат, а ние ќе работиме посветено за Македонија

О допозицијата нека продолжат да напаѓаат, а ние и понатаму посветено ќе работиме за Македонија, рече попладнево претседателскиот кандидат на владејачката коалиција, Ѓорге Иванов, пред неговите сограѓани во Валандово.

„По 10 пати ги гледаат моите говори и настапи за да најдат нешто да ме нападнат. Продолжете, напаѓајте со поголем интензитет. Колку повеќе напаѓате, довербата на граѓанинот расте. Такви беа пред 5 години такви се и сега. Тие нека напаѓаат, а ние да работиме посветено за Македонија. Сите во Македонија ја препознаа таа посветеност и што довербата во претседателот  расте. 74 отсто од граѓаните сметаат дека чесно ја работам  работата.  Одликуван сум како почесен професор на врвните светски универзитети, член на академијата на науки и уметности, член на светската академија за науки и уметности. Добив голем број признанија, ордени, медали“, рече Иванов, нагласувајќи дека тоа го почувствуваа луѓето од секаде.

Тој зборуваше за големиот број проекти кои што започнаа и се во тек на реализација во Валандово.

„Ме критикуваат дека сум одел многу по манифестации. Одам затоа што таму е народот, а кај што е народот таму сум и јас, кај граѓаните кои ја почитуваат традицијата. Јас сум тој го пренесува вашиот глас. Имав 450 средби со претседатели и премиери, посети на меѓународни настани, имавме повеќе од 40 посетители од светот од оние кои ја поддржуваат Македонија. Македонија која се менува. Ја поддржуваат Македонија која расте“, рече Иванов, нагласувајќи дека во земјата растат субвенциите, платите, социјалната помош, само невработеноста опаѓа.