Иванов: Успехот е неизбежен кога се работи тимски

Успехот кога се работи тимски, особено во земјоделството, е неизбежен, рече претседателскиот кандидат, Ѓорге Иванов, пред приврзаниците и поддржувачите во Василево.

„Ги гледам и земјоделците во последните години, како се чувствуваат кога еден млад тим дојде на чело на Македонија предводен од Никола Груевски. 500 милиона евра дадени се за субвенции. Но, земјоделието знае како тоа треба да го врати, со извоз на храна од Македонија, со извоз на квалитетни производи од Македонија. Тоа е успехот кога се работи тимски. Се работи тимски и со централната и со локалната власт и резултатите се видливи. Секаде каде и да одиме ги гледаме успесите“, рече Иванов.

Низ Македонија се градат автопатишта, рече тој, ја нема веќе коцката за Радовиш. Се оди по асфалтен пат. Нема напуштени села, секаде нешто се работи, секаде нешто се прави, затоа што сите ваши потреби се дел од

„Програмата на Коалицијата за подобра Македонија предводена до ВМРО-ДПМНЕ. Пред пет години Вашата доверба ја добив на основа на мојата програма, а за неа поднесов отчет.  Овој пат доаѓам повторно со своја програма, за следните пет години, да продолжи просперитетот и успехот на Македонија. Затоа што ние сме работливи луѓе. И јас потекнувам од земјоделски крај. И јас знам колку е мачно да се успее во животот кога се обработува земја, кога зависите од  времето, дали ќе биде суша, или поплава. Но и за сите непогоди кои се случуваат кај земјоделците, во пресрет излегуваат Владата, министерствата и помагаат. И натаму ќе помагаат“, рече Иванов.